• вторник, 02 јули 2024

Уапсен тинејџер по напад со нож на Универзитетoт во Сиднеј

Уапсен тинејџер по напад со нож на Универзитетoт во Сиднеј

Сиднеј, 2 јули 2024 (МИА) - Четиринаесетгодишно момче е уапсено по напад со нож изутринава на Универзитетот во Сиднеј, соопшти австралиската полиција. По нападот, универзитетските згради се затворени.

Екипите за итни случаи пренеле 22-годишно момче во болница во сериозна, но стабилна состојба, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.

Помошникот на полицискиот комесар за борба против тероризмот во Нов Јужен Велс, Марк Волтон, на прес-конференција изјави дека мотивот или идеологијата на момчето сè уште не се утврдени, но изрази загриженост поради зголемениот број докази дека младите се радикализираат преку интернет.

„Тие прифаќаат насилни екстремистички идеологии и се свртуваат кон насилство. Напаѓачот и е познат на полицијата и државните агенции, рече Волтон.

Наводниот напаѓач се качил во автобусот по инцидентот и бил уапсен во близина на болницата, соопшти полицијата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан