• четврток, 07 ноември 2024

Турција го поддржува Руте за генерален секретар на НАТО

Турција го поддржува Руте за генерален секретар на НАТО

Хаг, 29 април 2024 (МИА) – Турција го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте како генерален секретар на НАТО, потврдија неименувани дипломати во Брисел.

Руте го посети турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатата недела петок за да добие поддршка за неговата кандидатура во НАТО. Сега остануваат уште три земји-членки на НАТО кои Руте треба да ги убеди, јави Националната информативна агенција на Холандија (АНП).

На Руте му треба поддршка од сите 32 земји-членки на Алијанса. Единствените земји кои треба да дадат согласност за Руте се Романија, која го поддржува сопствениот кандидат, претседателот Клаус Јоханис, и Унгарија и Словачка. Според дипломатите, Унгарија ќе биде најтешко да се убеди да се согласи со именувањето на Руте. Унгарската Влада на премиерот Виктор Орбан дури и јавно се спротивстави на неговата кандидатура.

Додека САД, кои го имаат најважниот глас при именувањето, веќе соопштија дека го поддржуваат Руте. Вашингтон се надева дека назначувањето ќе биде финализирано пред Самитот на Алијансата во Вашингтон, што треба да се одржи во јули. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан