Германскиот претседател Штајнмаер разреши тројца министри од партијата Слободни демократи (ФДП)
- Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер разреши тројца од четворицата министри на партијата Слободни демократи (ФДП) во кабинетот на канцеларот Олаф Шолц по распадот на коалицијата на левиот центар.
Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер разреши тројца од четворицата министри на партијата Слободни демократи (ФДП) во кабинетот на канцеларот Олаф Шолц по распадот на коалицијата на левиот центар.
Штајнмаер им ги предаде отказите на министерот за финансии Кристијан Линднер, министерот за правда Марко Бушман и министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер во неговата официјална резиденција Белви Палас.
Во исто време, советникот за економска политика на Шолц, Јерг Кукиес, го доби своето уверение за назначување за нов министер за финансии.
Единствениот преостанат поранешен политичар на ФДП во Кабинетот е министерот за транспорт Волкер Висинг, кој ја напушти својата партија. Висинг ја задржува функцијата министер за транспорт, a ќе ја извршува и функцијата министер за правда.
Министерството за образование ќе го преземе министерот за земјоделство Џем Оздемир. рп/
Фото: МИА архива