Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
- Полското национално обвинителство денеска соопшти дека во операција ширум Полска уапсени се 75 лица под обвинение за производство, дистрибуирање и чување порнографски материјали
Варшава, 7 ноември 2024 (МИА) – Полското национално обвинителство денеска соопшти дека во операција ширум Полска уапсени се 75 лица под обвинение за производство, дистрибуирање и чување порнографски материјали.
Акцијата во која учествувале 400 полицајци, била спроведена помеѓу 21 и 25 октомври, при што се запленети повеќе од 1,1 милион порнографски фотографии и видео фајлови со малолетници.
Меѓу запленетите материјали има и фотографии од деца преземени од социјалните мрежи. Тие беа собрани од профилите на нивните родители, а фотографиите беа поставени со отворен пристап.
- Во оваа фаза, тешко е да се каже дека овие луѓе дејствувале како дел од многу јасно дефинирана мрежа, изјави портпаролот на Обвинителството.
Осомничените – 65 мажи и 10 жени на возраст од 16 до 78 години, доколку бидат прогласени за виновни може да се соочат со казна затвор до 15 години. ми/
фото: МИА архива