• недела, 22 декември 2024

Турскиот амбасадор Фатих Улусој во работна посета на Гостивар

Турскиот амбасадор Фатих Улусој во работна посета на Гостивар

Гостивар, 25 јули 2024 (МИА) – Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој при денешната посета на општина Гостивар најави продлабочување на соработката и заеднички проекти кои би се реализирале во иднина.

На средбата со в.д градоначалникот Ваљбон Лимани била потврдена подготвеноста за активна и отворена билатерална соработка, а се разговарало и за развојни проекти.

Амбасадорот Улусој и градоначалникот Лимани оцениле дека досегашната соработката и партнерство кое Гостивар го има со збратимени општини од Турција, е на високо ниво и се заложиле за создавање поцврсти врски.

- Освен за соработката што досега ја имавме како општина Република Турција и збратимените општини, со тимот на амбасадорот што го придружува ги разгледавме и можностите за соработка. Од оваа средба треба да се отвора можности за соработка со турската државна агенција „ТИКА“, но и други организации кои се присутни во Република Северна Македонија, изјави по средбата Ваљбон Лимани, в.д. градоначалник на општина Гостивар.

Амбасадорот Улусој истакна дека во разговорите се разгледале реализираните проекти и посочи дека оваа средба ја искористил за да се запознае со потребите на припадниците на турската заедница која живее во Гостивар. Тој посочи дека се работи на продлабочување на односите меѓу Турција и Северна Македонија.

- Имаме добри врска со Северна Македонија и благодарение на тоа во Гостивар реализиравме многу проекти. Планираме и во иднина така да биде. Тука живеат и значителен број Турци и разговаравме и нивните потреби, изјави Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во РСМ.

Во делегацијата на амбасадорот во Гостивар беа и неговиот заменик, Мустафа Бодур, советникот за верски прашања Мухамед Челикаја, координаторот на ТИКА Мехмет Бајрак и координаторот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Ариф Конак. згм/цр

 Фото: МИА

Остани поврзан