Тројца полски тинејџери ранети со нож од соученик во средно училипште
- Осумнаесетгодишен ученик нападнал со нож и ранил тројца соученици во средно училиште во градот Катажина, во североисточна Полска, соопшти денеска портпаролката на полската полиција Катажина Кучарска.

Варшава, 29 ноември 2023 (МИА) - Осумнаесетгодишен ученик нападнал со нож и ранил тројца соученици во средно училиште во градот Катажина, во североисточна Полска, соопшти денеска портпаролката на полската полиција Катажина Кучарска.
„Нападот се случил за време на настава, а двајцата избодени, тинејџер и тинејџерка се хоспитализирани и се во тешка состојба, додека на третиот му била укажана помош на лице место“, рече Кучарска.
„Тинејџерот напаѓач е уапсен, а полицијата и обвинителството спроведуваат истрага“, изјави Елзбиета Лукасиевич, обвинителка во блискиот полски град Остролека.
Нападите во училиштата во Полска се многу ретки. паг/
Фото: МИА архива