• петок, 03 мај 2024

Три проекти за Куманово се одобрени преку Министерство за животна средина и просторно планирање

Три проекти за Куманово се одобрени преку Министерство за животна средина и просторно планирање

Куманово, 28 февруари 2024 (МИА) - Три проекти се одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање за Куманово, реконструкција на фабриката за води, атмосферска канализација на улицата „Доне Божинов“ и изградба на канализациска мрежа во населба „Гладно поле“, соопштија денеска надлежните од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање и креирање политики и локален економски развој од општина Куманово.

Средствата се обезбедени преку Европската инвестциона банка со која Владата претходно потпиша договор за финансирање. И општина Куманово ќе учествува во реализација на проектите со определени средства.

Владата и Европската инвестициска банка имаат потпишано договор за финансирање на проблематични инфраструктура во општините како поддршка на локалните самоуправи. Аплициравме со неколку проекти: комплетна реконструкција на филтер станица за преработка на вода за пиење во вредност од 1.273. 181 евро, атмосферска канализација од „Доне Божинов“ од населба Карпош кон река Којнарка кој чини 432 726 евра и фекална канализациска мрежа на неколку улици во населба „Гладно Поле“ со вредност 260.811. Вкупната вредност на проектите е 1.966 720 за три проекти, одобрени се 1.8 милиони евра. Останатите средства ќе ги обезбеди општината, донесена е одлука од советот и од градоначалникот, изјави раководителот на секторот, Горан Митевски.

Општината доставила готови проекти со одобренија за градби и според проценките  ќе се чека во првата половна да заврши евалуација, да се распишат тендерите, во втората половина од годината на почне и реализацијата.

Во фабриката за преработка на води веќе беа вложени средства за осовременување, но потребна е целосна санација. Атмосферска мрежа нема на потегот од населбата Карпош кон речното корито на Којнарка и често при врнежи се слева вода заради непостење на мрежата и поради конфигурацијата на теренот. Во релативно новата населба во Куманово „Гладно поле“, иако се изградени куќи нема ниту канализациска мрежа, ниту пак улици. Општината планира, првин изградба на подземна инфраструктура, а после и изградба на улици. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан