• недела, 12 мај 2024

Три лица загинаа, а 13 се повредени во рускиот ракетен напад врз Запорожје, соопшти регионалниот гувернер

Три лица загинаа, а 13 се повредени во рускиот ракетен напад врз Запорожје, соопшти регионалниот гувернер

Киев, 5 април 2024 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а најмалку 13 лица се повредени во руски ракетен напад врз градот Запорожје, пренесоа агенциите, цитирајќи го регионалниот гувернер на областа Запорожје, Иван Федоров.

Тој појасни дека четворица од повредените се во тешка состојба.

Според полицијата, Русија попладнево истрелала пет ракети врз градот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан