• сабота, 16 ноември 2024

Украински дрон предизвика пожар во рафинерија во рускиот град Волгоград

Украински дрон предизвика пожар во рафинерија во рускиот град Волгоград

Москва, 12 мај 2024 (МИА) - Полноќен напад со украинско беспилотно летало предизвика пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Волгоград, на југот на Русија, изјави денеска гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, цитиран од британските медиуми. 

Според него, пожарот бил брзо изгаснат, а инцидентот поминал без жртви.

-Како резултат на удар на дрон со последователна детонација, избувна пожар на територијата на рафинеријата Волгоград. Противпожарните екипи веднаш го изгаснаа пожарот. Немаше жртви, напиша Бочаров во „Телеграм“, цитиран од руските медиуми. мс/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан