• недела, 22 декември 2024

Три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Одескиот регион

Три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Одескиот регион

Киев, 27 септември 2024 (МИА) - Три лица загинаа, а 11 се повредени утринава во Одескиот регион во напад на руски беспилотни летала, соопштија украинските власти. 

„Непријателот утринава прибегна кон терор од големи размери во Измаил. Русите лансираа нападни дронови на југот на нашиот регион“, објави на Фејсбук регионалната државна управа на Одеса, пренесува Укринформ. 

Во нападот загинаа две жени на возраст од 90 и 69 години, како и еден 73-годишен маж. Повредени се 11 лица, меѓу кои и едно дете. 

Во нападот се оштетени приватни куќи, висококатници, автомобили, а избувнаа и неколку пожари кои веднаш беа изгаснати.сд/

фото:Х

Остани поврзан