• петок, 14 март 2025

Дутерте денеска за првпат ќе се појави пред МКС

Дутерте денеска за првпат ќе се појави пред МКС

 

Хаг, 14 март 2025 (МИА) - Првото појавување на поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) за да одговара за наводните злосторства за време на неговата „војна против дрогата“ е закажано за денеска.

-Судскиот совет смета дека е соодветно првото појавување на Дутерте да се одржи в петок во 14 часот, се вели во соопштението на МКС со седиште во Хаг.

Дутерте во средата беше предаден на МКС, откако беше издаден налог за негово апсење.

Дутерте неодамна беше уапсен по неговото пристигнување од Хонг Конг и беше приведен од полицијата по наредба на судот што ги истражува масовните убиства за време на неговиот претседателски мандат како дел од неговата „војна против дрогата“. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан