Претседателот на Португалија распиша вонредни парламентарни избори за 18 мај
- Својата одлука Де Соуса ја оправда со желбата да се обезбеди стабилност на земјата, прецизирајќи дека 18 мај „е датумот назначен од мнозинството партии“.

Лисабон, 14 март 2025 (МИА) - Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса синоќа го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори за 18 мај, по падот на умерената десничарска влада на премиерот Луис Монтенегро.
Својата одлука Де Соуса ја оправда со желбата да се обезбеди стабилност на земјата, прецизирајќи дека 18 мај „е датумот назначен од мнозинството партии“.
Португалската влада на умерено десничарскиот премиер Моненегро, вмешана во контроверзии за потенцијален конфликт на интереси, падна на 11 март откако членовите на парламентот и изгласаа недоверба.
Главната опозициска Социјалистичка партија, екстремната десниќарската Чега и екстремната левица гласаа против владата.сд/
фото:МИА архива