• четврток, 11 април 2024

Три деца и кондуктер загинаа, 15 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Три деца и кондуктер загинаа, 15 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Лакнау, 2 април 2024 (МИА) - Три деца и еден кондуктер загинаа, а 15 деца се повредени кога училишен автобус се преврте во северната индиска држава Утар Прадеш, соопшти полицијата.

Повредените се пренесени во најблиската здравствена установа, изјави локалниот полицаец Ајај Синг.

Тој рече дека децата се враќале од пикник во зоолошката градина во главниот град на државата Лакнау, а до несреќата дошло откако возачот нагло свртел за да избегне судар со мотоцикл што доаѓал од спротивната страна. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан