• вторник, 25 јуни 2024

Триумф на Петрески на Европскиот школски куп во шах

Триумф на Петрески на Европскиот школски куп во шах
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) – Македонските претставници остварија забележителен настап на Европскиот школски куп во стандарден шах, чиј домаќин изминатите денови беше црногорскиот град Цетиње. Најголем успех постигна Леонид Петрески од МШК Центар, освојувајќи го првото место во категорија до 17 години, во конкуренција на 54 натпреварувачи. Членовите на ШК Алкалоид, Теодор Јовановски и Стојан Велкоски, исто така, имаа добар настап и го завршија турнирот на третото, односно петтото место. Во категоријата до 13 години најдобро пласиран македонски претставник беше Никола Петрески член на ШК Гамбит Ассеко СЕЕ со освоеното четврто место. ег/вј/  

Остани поврзан