• недела, 22 декември 2024

Модриќ: Мојот рекорд не ми значи ништо бидејќи не и помогна на Хрватска

Модриќ: Мојот рекорд не ми значи ништо бидејќи не и помогна на Хрватска

Лајпциг, 25 јуни 2024 (МИА) – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ не е импресиониран што стана најстариот голгетер во историјата на Европските првенства.

Триесет и осумгодишниот фудбалер синоќа погоди против репрезентацијата на Италија (1:1) во натпреварот од 3. коло на Европското првенство.

-Мојот рекорд? Тоа не ми значи ништо бидејќи не му помогна на тимот. Тажна ноќ, изјави Модриќ за „Madrid Xtra“.

Модриќ (38 години и 289 дена) го собори рекордот на Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол со 38 години и 257 дена на натпреварот против Полска на ЕП 2008 година.

Шпанија (9 бода) и Италија (4) директно се пласираа во плејофот на ЕП 2024. Хрватска освои 2 бода и има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан