Далиќ: Не можеме да влијаеме на пласманот во плејофот, се беше во наши раце
- Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ е разочаран од пропуштената шанса неговата репрезентација вчеравечер да обезбеди пласман во осминафиналето на Евро 2024.
Лајпциг, 25 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ е разочаран од пропуштената шанса неговата репрезентација вчеравечер да обезбеди пласман во осминафиналето на Евро 2024.
Хрватите одиграа 1:1 со Италија. Примија гол во 90+8.минута, неколку секунди пред последниот судиски свиреж.
- Хрватските играчи беа добри, особено во првото полувреме. Не примивме ниту еден гол, што не успеавме на натпреварите со Шпанија и Албанија. Можам само да им честитам на момците за одличната борба. На ова ЕП промашивме два пенала, примивме два гола во судиското надополнување, немавме среќа. Шансите за пласман во плејофот? Не можеме да влијаеме на ова, ситуацијата беше во наши раце. Благодарам на луѓето кои нè поддржаа, жал ми е за нив, најмногу од сè сум разочаран поради ова, изјави Далиќ на официјалната веб-страница на УЕФА.
Хрватска со два бода е трета во групата и само со теоретски шанси за пласман во следната фаза на ЕП во Германија. зс/
Фото: Твитер