• вторник, 25 јуни 2024

Саутгејт: Многу сме мотивирани во пресрет на натпреварот против Словенија

Саутгејт: Многу сме мотивирани во пресрет на натпреварот против Словенија

Келн, 25 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги сподели своите очекувања за натпреварот со Словенија во последното коло од групната фаза на Евро 2024. 

- Тимот е многу мотивиран пред натпреварот. Сè уште не сме го покажале фудбалот што би сакале да го демонстрираме. Имаме можност да станеме први во нашата група. Ова може да биде важен момент, изјави Саутгејт за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот ќе се одигра вечер на стадионот „Рајн-Енерџи“ во Келн со почеток во 21 часот.

Англија е лидер во Ц-групата со 4 бода, Данска и Словенија имаат по 2, Србија е последна со еден освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан