• сабота, 22 февруари 2025

Триесетина по светиот крст во Бошавица, најсреќен Димитриев од Демир Капија 

Триесетина по светиот крст во Бошавица, најсреќен Димитриев од Демир Капија 

Демир Капија, 19 јануари 2025 (МИА) - Триесетина лица влегоа денеска по светиот крст во реката Бошавица, во рамките на одбележувањето на верскиот празник Богојавление Водици. Најсреќен беше Никола Димитриев од Демир Капија.  

Жителите на Општина Демир Капија, со своето присуство,  го прославија големиот христијански празник. 

Верниците ја посетија црквата Света Богородица во Демир Капија за да присуствуваат на отслужувањето на светата божествената литургија, посветена на Синот божји и на Света Богородица. По отслужената света божествена литургија, свештеникот Љупче Силев, освети вода, за секој верник да однесе дома, за благослов на членовите на секое семејство.

По отпеаната литургија,светиот крст беше положен во водите на реката Бошавица.

Освен честитки, Димитриев доби и пригодни подароци. свд/сст/


Фото : Петре Пашоев 

Остани поврзан