• сабота, 20 јули 2024

Трет студентски конгрес на општа медицина во Штип

Трет студентски конгрес на општа медицина во Штип

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев “-Штип денеска го организираат Третиот студентски конгрес на општа медицина - СКОМ 2024. 

Како што информираат од Факултетот за медицински науки при УГД, Конгресот e насловен „Dum vita est, spes est! (Додека има живот, има надеж!)“ .

Посочуваат дека на СКОМ излагања ќе имаат голем број реномирани доктори и професори од државата, меѓу кои и д-р Владимир Чадиковски, д-р Виктор Камнар, д-р Александар Митевски итн.  фф/хс/

Фото: Факултет за медицински науки при УГД

 

 

Остани поврзан