Тренчевска: Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал приоритети на кои работиме
- -Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешниот онлајн состанок на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, на кој присуствуваа в
Скопје, 16 март 2022(МИА) -Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешниот онлајн состанок на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, на кој присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, истакна дека приоритети на МТСП се социјалната инклузија и развојот на човечки капитал.
-Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал, целосната поддршка на лицата изложени на социјален ризик и младите на пазарот на трудот овозможуваат забрзан и одржлив економски раст и развој кон подобар животен стандард, рече Тренчевска.
На состанокот, на кој покрај вицепремиерот Маричиќ и министерот за образование и наука Шаќири, учествуваа и претставници од меѓународната заедница, институции и граѓански организации, министерката истакна дека во време во кое и нашето општеството е соочено со предизвиците од последиците од кризата, особено е важно заеднички да се продолжи со започнатите напори за закрепнување на економијата и подобрување на социјалната состојба и воопшто условите за живот и работа на граѓаните.
-Ние покажавме дека трудот на работникот се цени и вреднува, особено во услови на пандемија, енергетска криза и инфлаторни притисоци. Очекуваме дека зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени во таа насока ќе имаат директно влијание врз подобрување на стандардот на граѓаните и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот, како и конкуренцијата. Истовремено, се грижиме за животниот стандард на постарите лица, бидејќи знаеме дека пензиите имаат исклучително влијание врз вкупната сиромаштија во нашата земја, рече министерката Тренчевска.
Таа посочи дека за побрз, поинклузивен и поодржлив економски раст и извлекување на што поголем број граѓани од сиромаштија, клучни се и инвестициите во социјална заштита, со цел активација на ранливите групи на пазарот на труд.
Тренчевска потенцираше дека, намалувањето на невработеноста на младите и долгорочно невработените, унапредување на условите за работа, вклучително и безбедноста и здравјето при работа, борбата против сиромаштијата, достапноста и одржливоста на квалитетни социјални услуги и процесот на деинституционализација, социјалната сигурност на старите лица, инвестициите во децата, остануваат да бидат клучни секторски сегменти кои имаат потреба од поддршка.
Меѓу клучните секторски сегменти на кои им треба поддршка се и подобра интеграција на Ромите, унапредувањето на родовата еднаквост, како и превенцијата и заштитата од дискриминација и родово-базираното насилство.
Во текот на состанокот од страна на претставниците на секторите, беа детално презентирани досегашните достигнувања, среднорочни и долгорочни приоритети кои произлегуваат од приоритетите дефинирани во Програмата за работа на Владата на РСМ и релевантните стратегии, информираат од МТСП.ир/лв/