• сабота, 23 ноември 2024

Тренчевска: Економското зајакнување е клучен аспект за справување со социјалниот ризик

Тренчевска: Економското зајакнување е клучен аспект за справување со социјалниот ризик

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, националната директорка на СОС Детско село Јулијана Накова Гапо и Флориан Трагер Стаинтјес, прв политички секретар и раковидител за прес на Амбасадата на Сојузна Република Германија денека ја отворија конференцијата во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“.

Конференцијата, како што соопшти МТСП, е организирана од СОС Детско село, а е финансирана од германското Министерство за соработка и економски развој. 

- Живееме во свет каде социјалните ризици можат да се манифестираат во различни форми - економски тешкотии, дискриминација, предизвици со менталното здравје и многу повеќе. Наша обврска е, како сочувствителна и меѓусебно поврзана заедница, директно да ги решаваме овие прашања и да бидеме застапници и сојузници на оние кои се соочуваат со социјален ризик, објасни Тренчевска.

Таа истакна дека образованието и економското зајакнување се клучни за извлекување на младите од социјален ризик и ги истакна заложбите на Министерството за труд и социјална политика.

- Ова е сегмент каде се приклучуваме ние како Министерство за труд и социјална политика. Наша клучна алатка е Оперативниот план со активни мерки и програми кој оваа година го проектиравме со 32 милиони евра и е за 2 милиони евра повеќе од минатогодишниот Оперативен план за вработување. Додека Гаранцијата за млади, програмата која е тренд за земјите во Европската Унија, а ние ја спроведуваме како земја која не е членка и можам да кажам дека сме особено горди на неа. Од 2018 година, а заклучно со 2022 година, 90.623 лица се вклучиле во оваа програма, рече Тренчевска.

Министерката Тренчевска порача на заедничко премостување на границите и градење на можности за создавање на општество во кое секој човек има можности. Ја поздрави иницијативата на СОС Детско село и повика на обединетост  кон поддршката на оние не кои им е најпотребна. мд/ев/

Фото: МТСП 
 

Остани поврзан