• вторник, 24 декември 2024

Трајков: Македонија заслужува гордо членство во ЕУ, без понижувања

Трајков: Македонија заслужува гордо членство во ЕУ, без понижувања

Скопје, 24 декември 2024 

Заменик министерката за европски прашања, доцент д- р Викторија Трајков, гостуваше на телевизијата ТВ Стар, каде што ги сподели своите ставови за предизвиците на Македонија во евроинтеграциите. 

Во интервјуто, Трајков ги истакна новите моменти во односите со Европската Унија, нашите аргументи во процесот на преговори, како и реалноста на билатерализацијата која го успорува напредокот на земјите од Западниот Балкан.

Трајков потенцираше дека ЕУ сè повеќе покажува разбирање за нашите позиции и дека Брисел престанува да користи реторика од типот „земи или остави“. Дополнително, таа нагласи дека е потребно трајно и праведно решение кое ќе го обезбеди нашиот напредок, наместо преодни решенија кои би довеле до нови пречки.

„Македонија сака да биде дел од ЕУ како горда, а не понижена членка. Идентитетот е лично чувство за кое не се преговара“, изјави Трајков. Таа повика на поддршка и конкретни чекори од ЕУ, со цел да се надмине евроскептицизмот и да се зајакнат односите со Унијата.

Министерство за европски прашања

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан