• петок, 05 декември 2025

Интердисциплинарна работилница во МНТ за напреден сценски и аудиовизуелен дизајн

Интердисциплинарна работилница во МНТ за напреден сценски и аудиовизуелен дизајн

Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) -  Во просториите на Македонскиот народен театар (МНТ) се одржува петдневна работилница посветена на аудиовизуелното и сценско создавање претстава, со фокус на светло и тон. Како што соопштија од установата, работилницата се реализира преку дијалошки пристап, практична работа и теренски активности, со цел учесниците да стекнат конкретни вештини и искуства во процесот на сценско создавање.

Целите и содржината на работилницата се насочени кон процесот на создавање сценска претстава, техничките аспекти на продукцијата - светло, тон и визуелен дизајн и практична примена преку демонстрации.

-Предавачите од Финска: Јари Јуутинен, режисер, Теему Нурмелин, дизајнер на светло, видео и сценографија и Виле МЈ Хивонен, аудиовизуелен дизајнер, музички продуцент и кинематограф, преку внимателно структуирана програма на професионалните учесници, низ дискусии и демонстрации, ќе се фокусираат на дизајн на тон, предавања и демонстрации со акцент на дизајнот на светло, креирање сцени и финална демонстрација на резултатите во студио или театарски простор, се вели во соопштението на МНТ.

Учесниците ќе имаат можност да работат индивидуално или во мали групи што овозможува флексибилен и персонализиран пристап.

Како што потенцираат во нивното соопштение, оваа работилница претставува одлична можност за професионалци од областа на театарот, визуелните уметности и продукцијата, кои сакаат да ги продлабочат своето знаење и вештини во комбинирање на светло, звук и наратив во сценска форма.бт/вј/

Фото: МНТ

Остани поврзан