• сабота, 26 октомври 2024

Трајковски: Проектот за подобрување на водоснабдување на Делчево е мојата најголема сатисфакција како градоначалник

Трајковски: Проектот за подобрување на водоснабдување на Делчево е мојата најголема сатисфакција како градоначалник

Делчево, 25 октомври 2024 (МИА) -  Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски преку соопштение денеска ги информираше граѓаните дека е завршена реализацијата на најголемиот проект во историјата на општината „Проектот за подобрување на водоснабдувањето на Делчево“. 

Овој проект како што истакна Трајковски е негова најголема сатисфакција како градоначалник, на кој  посветено, одговорно и со срце за граѓаните се работеше во изминатите шест години, градејќи го еден од најсовремените системи за водоснабдување.  

-Затоа во мое лично име и во име на граѓаните на Општина Делчево изразувам огромна благодарност до Швајцарската конфедерација и до сите оние кои активно беа вклучени во реализацијата на овој огромен капитален проект, истакна Трајковски.

По тој повод, за в понеделник (28.10.2024), Општина Делчево го најави завршниот настан на „Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево“.

-Почитувани партнери, почитувани граѓани,  Со задоволство Ве покануваме на завршниот настан на „Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево“, финансиран од Владата на Швајцарија, Владата на Република Северна Македонија и општина Делчево.  Заеднички да ги споделиме резултатите од успешната приказна кој во изминатите години ја создадовме со нашите партнери.  На 28 Октомври во 11,45 часот официјално ќе биде пуштена во употреба прeчистителната станица за вода за пиење во с. Тработивиште, се вели во поканата за настанот.

Со реализацијата на проектот жителите на Општина Делчево, како што додадоа од локалната самоуправа, ќе добијат чиста и квалитетна вода, за себе но и за идните генерации. вс/

Фото: Општина Делчево 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан