• четврток, 09 јануари 2025

Трамп објави видео со критики за политиката на Нетанјаху на Блискиот Исток

Трамп објави видео со критики за политиката на Нетанјаху на Блискиот Исток

Вашингтон, 9 јануари 2025 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на својата платформа Truth Social сподели видео во кое директорот на Центарот за одржливост при Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, ја критикува политиката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Блискиот Исток, пренесува Анадолија.

Во видеото, Сакс изнесува процени за причините за инвазијата на Ирак во 2003 година. „Од каде дојде оваа војна? Знаете ли? Тоа е изненадувачки. Војната всушност започна од Нетанјаху,“ вели Сакс.

Тој го обвини Нетанјаху за влијание врз американската надворешна политика. - Нетанјаху уште од 1995 година верува дека единствениот начин да се решат проблемите со Хамас и Хезболах е уривање на владите кои ги поддржуваат, како оние во Ирак, Сирија и Иран. Нè вовлече во бесконечни војни и благодарение на своето влијание врз американската политика секогаш го добиваше она што го сака, но војната од 2003 година беше целосно лажна, рече Сакс.

Тој го нарече Нетанјаху „опседната личност“ и го обвини дека и денес се обидува да ги вовлече САД во војна со Иран.

Оваа објава на Трамп предизвика нови дебати за односите меѓу САД и Израел во неговиот втор претседателски мандат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан