• петок, 05 декември 2025

Трамп му се јавил на Нетанјаху по израелскиот напад врз католичката црква во Газа

Трамп му се јавил на Нетанјаху по израелскиот напад врз католичката црква во Газа

Вашингтон, 17 јули 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп му се јавил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со израелскиот напад врз единствената католичка црква во Газа, соопшти денес Белата куќа.

Нетанјаху му рекол на Трамп дека нападот врз црквата во Газа бил израелска грешка, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

Израел длабоко жали за нападот врз црквата, рече Нетанјаху, нарекувајќи го она што се случило трагедија.

Во нападот загинаа три лица, а неколку други беа повредени. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан