• среда, 08 јануари 2025

Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана

Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана

Вашингтон, 8 јануари 2025 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.

-Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. „Јас сум тој што ги натера да платат два отсто“, продолжи тој.

Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници.

На минатогодишниот предизборен митинг тој рече дека ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“ на земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан