• среда, 25 декември 2024

Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција

Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во полицискиот центар во Ѓорче Петров остварил работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде била предадена донација за потребите на интервентната полиција.

МВР соопшти дека Тошковски истакнал дека вкупната донација што се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град.

- На средбата беше разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет.
Министерот Тошковски на крај уште една изрази голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението. цр/са/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан