• среда, 25 декември 2024

Саботковски: Могила се грижи  младите генерации да останат, живеат, работат и создаваат

Саботковски: Могила се грижи  младите генерации да останат, живеат, работат и создаваат

Скопје, 25 декември 2024

Поминаа 3 години откако ја извршувам функцијата градоначалник на општина Могила. Три години заедно со мојот тим, Советот, општинската администрација и комуналнотo претпријатие градиме чекор по чекор, работиме транспарентно и одговорно, а наша единствена цел е целокупниот развој на општина Могила и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Општина Могила работи на реализација на бројни проекти од сите сфери на својата надлежност. Но морам да напоменам дека сме соочени со бројни предизвици.

Општината пред три години ја превзедов со 600 000 денари на сметка и долг од 28 милиони денари, со успешно менаџирање овие три години успеавме да ги намалиме долговите на општината односно над 80% од долговите на општината се исплатени.

Успеавме да воведеме нови мерки и да реализираме проекти, активности за подобрување на условите за живот на жителите на општина Могила.

Во однос на инфраструктурата особено сум горд што општина Могила може да се пофали со голема градежна офанзива и рекорден број на асфалтирани улици. Се асфалтира главната улица Димче Могилчето, изградени се троатори од двете страни на улицата за безбедно движење на пешаците и атмосферска канализација. Се изгради и хортикултурно се уреди кружниот тек со што Могила стана препознатлива, се постави ново улично осветлување, со што центарот на Могила доби урбан лик.

Асфалтирани се три улици во Српци, Беранци и Могила. Изградени се две улици преку Светска Банка и Министерството за транспорт, улица Шемница во Могила и главната улица во Трновци.

Исто така посебен акцент сакам да ставам на проектите што се реализиираат преку Развојната програма за асфалтирање на 30 улици низ целата општина за кои договорите за имплеметација се во тек. Ќе се гради во селата: Могила, Беранци, Српци, Ивањевци, Вашарејца, Трновци, Свето Тодори, Добрушево и Ношпал. И во село Мусинци се изгради улица до манастирот „Света Петка“ во вредност од 15 милиони денари.

Исто така значаен проект е изградбата на главен доводен цевковод за водоснабдување на селата Беранци, Д.Српци, Ивањевци, Св. Тодори Подино, Трновци, Вашарејца, Лознани и Новоселани.

Изграден е водовод до и во самата индустриската зона Петилеп. Започнаa првите инвестиции во индустриската зона Петилеп. Покрај изградбата на водоводот ќе продолжиме со инфраструктурно уредување на зоната.

Направен e вовед на работа за изградба на првата градинка во општина Могила со капацитет од 40 деца, значаен проект за жителите на општина Могила.

После многу напори и долги процедури, покрај сите опструкции и стопирања, ветивме дека овој проект ќе продолжи да се гради и многу скоро ќе ја имаме првата градинка во општина Могила.

Во село Добрушево изграден е објект кој е наменет за предшколско образование и пензионерски клуб, каде најмалите и највозрасните ќе имаат можност за дружби и социјализација. Во сите наши проекти се залагаме да бидат опфатени потребите на сите возрасни категории.

Во три фази изградена е канализациона мрежа во село Добрушево со што се изгради значаен дел од целокупната канализација со што поголем дел од селото е опфатено и во наредниот период жителите ќе можат да се приклучат на истата.

Да напоменам дека во овие 28 години изградена е канализациона мрежа само во населено место Могила, а во овие три години се обезбедени средства за канализации во село Добрушево и во село Ивањевци.

Се градат 2 повеќенаменски игралишта во училишните дворови во Ношпал, и во училиштето во Трап и Будаково, со што младите ќе имаат можност да се рекреираат.

Како дел од мојата предизборна програма а со поддршка од новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ одобрени се средства за изградба на спортска сала во училишниот двор во ОУ „Кочо Рацин“ –с.Ивањевци.

Проект кој ќе создаде одлични услови за физичка активност на учениците, спорт и рекреација на жителите од околните села.

Во трите основни училишта изминатиoт период се направија тековни реконструкции и замена на веќе дотраени материјали, се санираа дел од фасадите, ѕидовите  подовите во училниците и училишните дворови.

Доопремени се училниците со нови Смарт табли. Сензорно катче се опреми со дидактички материјали и сензорни елементи и е на располагање на учениците во Браќа Миладиновци во Будаково.

Во училиштето во Мусинци ќе започне реновирање на преостанатиот дел од училишната зграда, во вредност од 6 милиони денари.

Преку министерството за Економија планирано е поставување на соларни панели на улилишниот кров на училиштето „Кочо Рацин“ во село Ивањевци и „Браќа Миладиновци “ во Добрушево, ќе се направат термофасади и потребната реконструкција на училишните згради ќе се модифицира и  затоплувањето. Ќе се постават соларни панели и на спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила, салата ќе има централно затоплување и професионална вентилација.

Во однос на Социјалата врз основа на предизборната програма и со одлука на Советот на општина Могила еднократната финансиска помош за новороденчиња секоја година континуирано ја зголемуваме, во наредната година ќе изнесува 8000 денари.

Веќе трета година обезбедуваме еднократна финансиска помош и прибор за првачињата, децата од социјалните семејства и децата со попреченост, оваа година ја зголемивме на 5000 денари.

Нова мерка од оваа година  за ново склучени бракови, младите брачни парови добиваат еднократна финансиска помош од 12000 денари. Од наредната година ја зголемуваме на 15 000 денари.

Сите мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот на младите да останат да живеат во општина Могила. Работиме посветено и одговорно, ги следиме сите повици за аплицирање на можни извори за надворешно финансирање.

Обезбедени се средства за набавка на ново комунално возило за собирање на комунален отпад, грант од Јапонска амбасада.

Тампониравме 20 км улици и патишта во сите населени места, со скромниот Буџет не можиме да си дозволиме да ги асфалтираме истите улици, но решаваме повеќе децениски проблем, жителите повеќе нема да газат во кал.

Могила е земјоделска општина и основната потреба на жителите е полесен пристап до земјоделските површини.

Тампонирани се улици за пристап до земјоделско земјиште во должина од 12 километри, ова е голем зафат и повеќе децениски проблем.

Континуирано секоја година во рамки на можностите ќе продолжиме да ги тампонираме и останатите полски патишта, ова е проект на кој што сум осебено горд.

Покрај тампонирањето исчистени се одводните канали и поставени се испустни цевки.

Ќе продолжиме со проекти кои се во насока на подобрување на земјоделието, а секако и подобрување на економската моќ на земјоделците. Во комуникација сме со инвеститори за изградба на фабрика за преработувачки капацитети. Земјоделците ја имаат мојата  целосна поддршка.

На повеќе локации ги опремивме парковите со нови детски катчиња со крлешки, лизгалки, детски реквизити, каде најмладите имаат можност да се рекреираат.

Во Могила се изгради Фитнес зона на отворено, се надогаради со нови справи и дополнително се опреми детско катче.

Во однос на спортот и културата овие три години имаме рекордна  финансиска поддршка за сите културни и спортски настани во општина Могила. Се одржува фестивалот на дуети Константин и Елена едниствен од ваков вид во Република Македонија, со богата музичка програма и голема посетеност.

Општина Могила е генерален спонзор на традиционалниот Турнир во мал фудбал, кој се одржува скоро половина век, покрај развојот на спортските активности допринесуваме  за афирмација на Општина Могила.

Трета година по ред се одржува меѓународниот  фудбалски Еден на еден Могила куп за јуниори за кој се потрудивме да ги обезбедиме сите услови за да ја претставиме Општина Могила во најдобро светло.

Од постоењето на општина Могила овие три години имаме рекорден број на спортски клубови кои финансиски ги подджуваме, од оваа година започнавме целосно да ги покриваме трошоците на сите спортски клубови.

Во 2025 година  со средствата од Влада што ги најави премиерот Христијан Мицкоски за општините ќе имаме историски најголема инвестиција во

Инфраструктура ќе се гради: водовод, канализација и изградба и асфалтирање на улици низ цела општина.

Со голем мотив ќе продолжиме да работиме, чесно, отчетно и домаќински за доброто на сите наши сограѓани.

Наш приоритет е да создадеме локални стратегии со кои општината ќе се грижи за своите млади генерации да останат да живеат, работат, создаваат во општина Могила.

Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила

Остани поврзан