• петок, 27 декември 2024

АВМУ ја одзеде дозволата за телевизиско емитување на ТВ Канал ВИС од Струмица

АВМУ ја одзеде дозволата за телевизиско емитување на ТВ Канал ВИС од Струмица

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности (АВМУ) донесе одлука со која ја одзеде дозволата за телевизиско емитување на телевизија Канал ВИС од Струмица.

На јавен состанок во АВМУ, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски истакна дека ТВ Канал ВИС од Струмица не ги исполнува минималните законски услови за работа.

-АВМУ изврши административен надзор кај сите 93 радиодифузери, а во врска со обезбедување јавност во работењето и таа обврска не ја исполни само ТВ Канал ВИС од Струмица. Во овој период исто така извршени се 57 административни надзори на радиодифузерите, од нив 31 надзор врз радијата и 26 врз телевизиите со цел да се утврди дали ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени со правилникот за минимални просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Од надзорите беше констатирано дека кадровските услови не ги исполнува само ТВ Канал ВИС од Струмица, a одговорниот уредник во оваа телевизија не е во редовен работен однос со полно работно време ангажиран во телевизијата, соопшти Трајчевски.

Со донесувањето на одлуката за одземање на дзволата за телевизиско емитување на ТВ Канал ВИС од Струмица регионот во овој период останува без радиодифузер, но според неформални информации во АВМУ има иницијатива за отворање на нова телевизија во тој регион, посочија од АВМУ.

На четвртиот јавен состанок, директорот на АВМУ инфомираше дека во последниот квартал извршиле редовни програмски и административни надзори за повеќе законски обрски врз национални телевизии и регионални телевизии и се забележани повеќе прекршувања, а извршени се и три редовни административни надзори врз 19 издавачи на печатени медиуми.

Надзорот е извршен со цел да се провери дали е исполнета законската обврска со која издавачот на медиумот е должен на видно место на секој печатен примерок да обезбеди објавување на импресум. Обврската за објавување на импресум целосно е исполнета кај сите медиуми. Советот на АВМУ, истакна Трајчевски, заради констатирање на непочитување на законските одредби донесе 11 јавни опомени за девет радиодифузери, донесени се шест решенија за јавно опоменување и исклучување за нереемитување на програмски сервиси поради реемитување на програмски сервиси кои не се регистрирани во АВМУ.

Во рамки на реализираните годишни активности на АВМУ на јавниот состанок беа акцентирани учеството на повеќе меѓународни средби, конференции и работилници поврзани со медиумската писменост, одржаните денови на медиумска писменост кои годинава беа под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“, како и неодамнешната работилници за медиумска писменост за ученици од четири основни училишта во Скопје. мт/ев/

ФОТО: АВМУ

Остани поврзан