• петок, 26 април 2024

Тошковски во посета на Отсекот за управни работи и ОВР во Кочани

Тошковски во посета на Отсекот за управни работи и ОВР во Кочани

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска бил во работна посета на Отсекот за управни работи Кочани и Одделението за внатрешни работи Кочани, соопштија од МВР.

Констатирано било дека Отсекот за управни работи Кочани функционира одлично и процесот на издавање на лични документи е нормализиран, односно граѓаните добиваат термини во рок од еден ден.

- Што се однесува до Одделението за внатрешни работи Кочани, од страна на раководството бев информиран за позначајните безбедносни настани и беше потенцирана потребата од посериозна анализа на состојбата во делот на сообраќајните незгоди кои често се случуваат на експресниот пат од Штип кон Кочани и преземење на мерки за нивно намалување, истакнал техничкиот министер Тошковски.

Во делот за криминалитетот, се наведува во соопштението, Тошковски подвлекол дека во последниот период расчистени се серија кривични дела во областа на имотните деликти кои биле извршувани од група сторители.

- Од аспект на човечки ресурси и овде има недоволна пополнетост, а во однос на материјално-техничките средства и во оваа организациска единица се забележува проблемот со недоволно моторни возила неопходни за секојдневно ефикасно постапување на полицијата, потенцирал техничкиот министер Тошковски. цр/лв/

Фото: МВР

Остани поврзан