• сабота, 27 јули 2024

Тошковски во посета на ЕВР Карпош: Полицијата да биде на висина на задачата на изборите

Тошковски во посета на ЕВР Карпош: Полицијата да биде на висина на задачата на изборите

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Во пресрет на двата изборни циклуси кои не очекуваат, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешниот работен состанок со раководството на  Единицата за внатрешни работи Карпош, побара да се преземат сите потребни мерки и активности, со цел полицијата да биде на висина на задачата и да овозможи спроведување на мирен и демократски изборен процес.

Како што информираат од МВР, на состанокот од страна на раководството на ЕВР Карпош била презентирана структурата и кадровската пополнетост на Единицата и биле истакнати неколку проблеми со кои се соочуваат во работењето од аспект на човечки ресурси и материјално-технички средства.

- Соговорниците заеднички констатираа дека потребно е во иднина да се инвестира и работи во насока на подигнување на мотивацијата и условите во кои работат полициските службеници, бидејќи полицијата е лицето на државата, соопштуваат од МВР.

Од страна на министерот Тошковски беше побарано во пресрет на двата изборни циклуси кои не очекуваат да се преземат сите потребни мерки и активности, со цел полицијата да биде на висина на задачата и да овозможи спроведување на мирен и демократски изборен процес. ир/са/

Фото: МВР

Остани поврзан