• понеделник, 23 декември 2024

Том Хенкс: Јас сум прилично смирен околу животот и смртта

Том Хенкс: Јас сум прилично смирен околу животот и смртта
Лос Анџелес, 7 јули 2020 (МИА) - Пред извесно време, Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон „го прележаа“ Ковид-19, а сега глумецот во интервју за британски „Гардијан“ вели дека не е премногу загрижен околу тоа дали самиот тој ќе го дочека наредното утро. - Кога бевме во болница, си реков: Имам 63 години, дијабетес тип 2, стент во срцето - дали сум случај со црвен сигнал? ...Но, сè додека нашите температури не се покачуваа, а нашите бели дробови не се наполнија со нешто што би личело на пневмонија, ние не бевме загрижени. Јас не сум тој што наутро се буди и се прашува - дали ќе го дочекам крајот на денот или не? Јас сум прилично смирен околу тоа, вели Хенкс. Прашан за тоа како американскиот претседател Доналд Трамп се справува со корона-пандемијата, глумецот рече: - Е па, отсекогаш сум мислел дека лидерот треба да биде смирен и информиран како водач. Не мислам дека го имаме тоа. Натаму, тој повторно повика на општествена одговорност и здрав разум. - Не биди морон, само почитувајте ги правилата. Едноставно е... Господи, до здравиот разум е. Има буквално само три работи што треба да ги правиме за подобро утре: Носете маска, физичко растојание и мијте ги рацете, додава глумецот.  си/

Остани поврзан