• среда, 20 ноември 2024

Томас Тухел прв избор за селектор на Англија

Томас Тухел прв избор за селектор на Англија

Лондон, 15 октомври 2024 (МИА) - Германскиот тренер Томас Тухел е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Англија. Британските медиуми пренесуваат дека претставници на Фудбалската асоцијација (ФА) се во преговори со Тухел, кој е подготвен да ја преземе репрезентацијата на Англија.

Германскиот тренер моментално е без ангажман, откако на крајот од минатата сезона го раскина договорот со Баерн. Пред Баерн, Тухел (51) беше тренер на Челси, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд и Мајнц.

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, пред неколку дена изјави дека на репрезентацијата и треба првокласен селектор. Карсли ја презеде Англија откако Герет Саутгејт ја напушти селекторската функција во средината на јули, по поразот од Шпанија (1:2) во финалето на ЕП. дс

Фото: Архива

Остани поврзан