• среда, 08 мај 2024

Тим за комуникации „Претседател за сите - Стево Пендаровски“: Демант на изнесени лажни наводи на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ 

Тим за комуникации „Претседател за сите - Стево Пендаровски“: Демант на изнесени лажни наводи на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ 

6 април 2024 

Демант на изнесени лажни наводи на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ 

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење.

Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години.

Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета.

Тим за комуникации 

„Претседател за сите - Стево Пендаровски!“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан