• сабота, 22 јуни 2024

Тешко повреден делчевец додека извршувал градежни работи

Тешко повреден делчевец додека извршувал градежни работи
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - З.П. (62) од делчевското село Вирче се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал градежни работи за фирма од Делчево. Како што информира МВР, случајот вчера бил пријавен во Полициската станица Делчево од Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ во Делчево. Според пријавеното, лицето откако се провредило било донесено во болницата. На терен увид извршиле екипа од Полициската станица Делчево и трудов инспектор. мд/са/

Остани поврзан