• четврток, 25 април 2024

Технолошко-техничкиот факултет во Велес нуди бесплатни студии од новата академска година

Технолошко-техничкиот факултет во Велес нуди бесплатни студии од новата академска  година

Велес, 2 февруари 2023 (МИА) -Технолошко-техничкиот факултет во Велес на годинашните матуранти од земјава кои наесен ќе се запишат на редовни студии им нуди бесплатно школување на двете насоки Нутриционизам и Прехранбена технологија и Биотехнологија.

-Идните студенти кои наесен ќе се запишат во прва година  на овој атрактивен факултет   првпат на овие две насоки ќе бидат ослободени од плаќање  школарина по 6.150 денари од семестар или вкупно 12.300 денари за двата семестра, соопшти  денеска  деканката на факултетот, проф. д-р Татјана Калеска  на Отворен ден на факултетот.кој е сместен во поранешниот хотел „Вила Зора“.

Факултетот на Отворениот ден го посетија  средношколци кои од професорите беа запознати со наставата што се нуди на двете насоки.

Технолошко-техничкиот факултете е во склоп на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола. Покрај теорија од предвидените предмети, на студентите им овозможува и практична работа во четирите лаборатории што се наоѓаат на самиот факултет и се опремени со најсофистицирана опрема.

-Нашата порака до матурантите е дека иднината на нашата држава е во производството на храна, со тоа е зголемена и побарувачката за едуциран кадар од областа на прехранбрената технологија и биотехнологија, како и нутриционизмот. Тоа е голема предност за нив, но и за нас, бидејќи тие профили ги нуди единствено нашиот факултет во цела држава, па и во поширокиот регион на соседството, порача деканката Калеска.

Освен додипломски студии факулеттот, кој постои од 2008 година, има и магистерски и докторски студии во двете насоки. Калеска рече дека на факултетот досега се имаат запишано повеќе од 2000 студенти, а годинава  првпат ќе имаат и нивни студенти коишто ќе докторираат.

Инаку, студиите по Нутриционизам се први отворени во земјава и  се единствени и покрај наши студенти, се школуваат и  голем број  странски студенти од соседните земји.

Студентите од  двете насоки по дипломирањето се стекнуваат со звање - инженер по нутриционизам и инженер по прехранбена технологија и биотехнологија.ад/хс/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан