• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тетовската библиотека ,,Кочо Рацин" го одбележа Светскиот ден на книгата

Тетовската библиотека ,,Кочо Рацин

Тетово, 23 април 2025 (МИА) - Со доделување награди на основци на литературниот конкурс, Библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово го одбележа 23-ти април, Светскиот ден на книгата. Темата за творење поетски творби беше „Книгата-извор на знаење“. Поетските творби на Елеонора Ѓорѓиевска и Хира Треси беа првонаградени на конкурсот за дела на македонски и албански јазик. Награди имаше и за второ и трето место. 

Учесниците од основните училишта ги прочитаа своите наградени творби.

-Целта е да се поттикнат учениците да бидат покреативни и правиме политика за да ги привлечеме кон тоа да читаат повеќе и да бидат редовни читатели на нашата библиотека. Интересот е релативно голем. Комисија која е формирана и на албански и на македонски. Одлучивме, за да ги стимулираме за понатаму, има еден добитник на прво место, двајца второнаградени и тројца третонаградени. Ова е проект добиен преку Министерство за култура и на наградените им доделивме ваучери, за да може со нив во одредени книжарници да купат училишни материјали, лектири или книги. Оваа манифестација се прави и со Американ корнер (Америчко катче) и тие имаат натпревар со творби на англиски јазик за основни и средни училишта, изјави директорот на Библиотеката „Кочо Рацин“, Бизас Пајазити.

Настанот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“, на кој присуствуваа градоначалникот Биљал Касами и заменик министерот за култура, Седат Сулејмани.ас/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан