• петок, 05 јули 2024

Тер Штеген ќе го продолжи договорот со Барселона до 2025 година

Тер Штеген ќе го продолжи договорот со Барселона до 2025 година
Барселона, 2 октомври 2020 (МИА) - Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е блиску до продолжување на договорот со каталонскиот клуб. Според „Мундо Депортиво“, агентот на голманот Герд вом Брух продолжува со преговорите со Барселона, а сите индиции покажуваат дека тие ќе бидат успешно завршени. Страните ќе потпишат нов договор до 2025 година. Тековниот договор истекува во летото 2022 година. Разговорите меѓу Тер Штеген и Барселона започнаа пред неколку месеци, но пандемијата на коронавирусите имаше големо влијание врз нивниот тек. И покрај ова, Германецот секогаш изразувал желба да остане во Барса. Пред извесно време, врз голманот беше извршена операција на коленото. Тој најверојатно ќе се врати на теренот кон средината на ноември. зс/

Остани поврзан