• понеделник, 20 мај 2024

Тен Хаг: Не го исклучувам Манчестер јунајтед, но фокусиран сум на Ајакс

Тен Хаг: Не го исклучувам Манчестер јунајтед, но фокусиран сум на Ајакс
Амстердам, 2 април 2022 (МИА) – Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, не ја исклучи можноста во иднина да седне на клупата на Манчестер јунајтед, но нагласи дека во моментов е фокусиран на ангажманот во Ајакс и претстојното дерби во холандското првенство против ПСВ Ајндховен. - Моментно сум фокусиран на Ајакс, но во фудбалот ништо не се знае. Не сакам ништо да исклучувам. Во моментов сум вработен во Ајакс. Пред нас е крајот на сезоната и за тоа ми е потребна целата енергија. Сè друго би ме попречувало во работата, изјави Тен Хаг за германскиот „Спорт 1“. Тен Хаг и Манчестер јунајтед веќе одржаа официјални преговори, кои се опишани како „многу позитивни“, но до евентуален договор за соработка двете страни се сè уште далеку. - Манчестер јунајтед е прекрасен клуб со прекрасни навивачи, но можам само да се повторам – целосно сум фокусиран на Ајакс. Веќе ја планираме и следната сезона, посочи Тен Хаг. Британските медиуми пренесуваат дека холандскиот стратег не е единствениот кандидат за нов тренер на Манчестер јунајтед, Тренерот на ПСЖ, Маурисо Покетино, шпанскиот селектор Луис Енрике и стратегот на Севиља, Хулен Лопетеги, исто така, се меѓу кандидатите. ег/паг/

Остани поврзан