• четврток, 26 март 2026

ТВ Ал Масира: Израел и САД изведоа шест напади врз пристаништето Ходеида во Јемен

ТВ Ал Масира: Израел и САД изведоа шест напади врз пристаништето Ходеида во Јемен

Сана, 5 мај 2025 (МИА) - Израел и САД денеска изведоа шест воздушни напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, јави телевизијата Ал Масира, поврзана со јеменските бунтовници Хути.

Според американскиот портал Аксиос, кој се повикува на висок американски претставник, нападите биле координирани меѓу Израел и Вашингтон.

Израелски медиуми, вклучително и Канал 12, исто така објавија дека Израел извршил напади врз Јемен, повикувајќи се на израелски официјални извори.

Хутите вчера истрелале ракета што погодила област во близина на главниот израелски аеродром Бен Гурион во Тел Авив.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Израел ќе одговори на нападот на Хутите. ссм/

фото: архива

Остани поврзан