Тајфунот Саола го погоди јужниот дел на Тајван
- Тајфунот Саола денеска го погоди јужниот дел на Тајван, носејќи силен дожд. Тајван издаде предупредување за тајфунот на копно и море, а фериботите и летовите до неколку острови и југоисточниот град Тајтунг се откажани.
Тајпеј, 30 август 2023 (МИА) - Тајфунот Саола денеска го погоди јужниот дел на Тајван, носејќи силен дожд. Тајван издаде предупредување за тајфунот на копно и море, а фериботите и летовите до неколку острови и југоисточниот град Тајтунг се откажани.
Најобилниот дожд се предвидува да падне во планинските региони на округот Пингтунг на крајниот југ, каде наставата и работата денеска беа прекинати во некои општини, како и на источниот брег на Тајван. Откако ќе помине низ каналот Баши, кој го дели Тајван од Филипините, тајфунот ќе го погоди југоисточниот брег на Кина и Хонг Конг. паг/
Фото: ЕПА