• вторник, 24 декември 2024

Вучиќ на Самитот на Европската политичка заедница: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон целиот Западен Балкан, како и кон Србија

Вучиќ на Самитот на Европската политичка заедница: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон целиот Западен Балкан, како и кон Србија

Будимпешта, 7 ноември 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта дека ЕУ треба да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан, како и Србија, и да донесе стратешки одлуки за прашањата за проширувањето.
„Мислам дека треба да разговараме за стратешки прашања“, нагласи Вучиќ. Тој напомена дека влезот на Романија, Бугарија и некои други земји во ЕУ бил политичка одлука.

„Тоа беше политичка одлука донесена од ЕУ во време кога имаше стратешки одлуки и луѓе кои размислуваа стратешки. Така ние го гледаме. Кажете на некоја држава подобро и оди.  Да, но Србија не ни треба. Бидејќи не воведоа санкции кон Русија или поради која било друга причина, не решија дел од нивните проблеми“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не е единствената со проблеми и дека не ги создала сите свои проблеми сама.

Тој рече дека Србија останува на европскиот пат и е лојален партнер на ЕУ, како и дека на Европа и е потребен стратешки разговор во новите околности. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан