• понеделник, 23 декември 2024

Фезер: Владата сè уште е целосно способна да дејствува

Фезер: Владата сè уште е целосно способна да дејствува

Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) – Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер денеска изјави дека јавноста не треба да се грижи за безбедноста и стабилноста по падот на коалицијата на левиот центар.

- Ние сме и остануваме целосно способни да дејствуваме … Безбедноста на Германија бара и посилна поддршка за Украина во нејзината борба против руската инвазија. Тука мора да направиме уште повеќе, наведе Фезер.

Според неа одлуката на канцеларот Олаф Шолц да го разреши министерот за финансии, Кристијан Линднер, била „конзистентна и правилна и покажува одговорност за нашата земја во тешки времиња“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан