Линднер повика на итно гласање за доверба и нови избори
- Лидерот на партијата на Слободната демократска партија (ФДП) Кристијан Линднер денеска го повика канцеларот Олаф Шолц брзо да обезбеди политичка јасност по падот на германската левоцентристичка коалиција
Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) – Лидерот на партијата на Слободната демократска партија (ФДП) Кристијан Линднер денеска го повика канцеларот Олаф Шолц брзо да обезбеди политичка јасност по падот на германската левоцентристичка коалиција.
- На нашата земја и треба влада, која не само што ќе ја извршува функцијата, туку ќе може да дејствува. Вистинската работа за нашата земја би била веднаш гласање за доверба и нови избори. Никој не треба да се плаши од гласачите во демократијата. Брзите нови избори по неуспешната влада на Шолц, патем, се важни не само за демократијата. Нашата земја не смее да губи време, истакна министерот за финансии во заминување.
Откако Шолц вчера го разреши Линднер, оставки поднесоа и неговите сопартијци од ФДП, министерот за правда Марко Бушман и министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер.
Додека министерот за транспорт Волкер Висинг изјави дека ја напуштил својата партија и има за цел да остане на функцијата до планираните нови избори. ми/
фото: ЕПА