• недела, 30 јуни 2024

Таткото на модерните Олимписки игри доби восочна фигура во Париз

Таткото на модерните Олимписки игри доби восочна фигура во Париз

 

Париз, 5 април 2024 (МИА) – Основоположник на модерните Олимписки игри, Пјер де Кубертен, ќе добие своја восочна фигура во музејот Гревин во Париз, соопшти Музејот на восочни фигури лоциран во 9-от париски арондисман.

Восочната фигура на францускиот барон, историчар и педагог роден 1863 година во Париз, ќе биде откриена во јули, пред почетокот на Олимписките игри.

Де Кубертен се смета за основоположник и основач на модерните Олимписки игри и основач на Меѓународниот олимписки комитет, чиј претседател беше од 1896 до 1925 година.

Убеден во доблестите на спортот, Пјер де Кубертен имал визионерска идеја за оживување на Олимписките игри во античка Грција, па затоа во 1892 година предложил обновување на Игрите. Предлогот бил прифатен во 1894 година, а првите модерни Олимписки игри беа одржани во Атина во 1896 година. ег ФОТО: ФБ

Остани поврзан