• среда, 21 август 2024

Таравари и претставници на Комисијата за позитивна листа ќе ги претстават новододадените лекови

Таравари и претставници на Комисијата за позитивна листа ќе ги претстават новододадените лекови

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставници на Комисијата за позитивна листа, денеска ќе одржи прес-конференција по повод воведување нови лекови на Позитивната листа, информираат од надлежното министерство.

- Мислам дека е огромен чекор напред, девет нови лекови, а во минатите 15 години само еден лек е ставен, така што, ви гарантирам дека ќе има нови лекови, дека наскоро ќе седнеме со Комисијата и ќе видиме што се можностите и потребите, одговори Таравари завчера на новинарско прашање.

Прашан за тоа дека онколошки пациенти се практично незадоволни од ревидирање на Позитивната листа и бараат да бидат вклучени во следното ревидирање, тој рече дека за шест месеци би требало да има повторна ревизија. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан