• понеделник, 22 јули 2024

Танкер поврзан со израелска компанија е запленет во близина на брегот на Јемен

Танкер поврзан со израелска компанија е запленет во близина на брегот на Јемен

Вашингтон, 26 ноември 2023 (МИА) -Танкер поврзан со израелска компанија е запленет денеска во близина на брегот на Јемен од неидентификувани вооружени лица, изјави претставник на американската одбрана.

„Постојат индиции дека непознат број неидентификувани вооружени лица го зазеле M/V Central Park во Аденскиот залив на 26 ноември. Американските и коалициските сили се во близина и внимателно ја следиме ситуацијата“, изјави функционерот по серијата инциденти на таа бродска рута. зш/

Остани поврзан