• недела, 22 декември 2024

Шеста жртва во нападот во Домот за стари лица во Дарувар

Шеста жртва во нападот во Домот за стари лица во Дарувар

Загреб, 22 јули 2024 (МИА) - Шестата жртва од денешниот напад во Домот за стари лица во Дарувар, во Славонија, им подлегна на повредите, соопшти полицијата.

Началникот на СВР Бјеловар-Билогора, Никола Милина, изјави дека во болница од здобиените повреди починало и шесто лице, откако пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки утрово пукал во вработените и жителите на Домот стари и изнемоштени лица во Дарувар. 

Полицијата потврди дека човекот кој се поврзува со денешното повеќекратно убиство е под полициски надзор.

Според првичните информации пет лица загинале на местото на настанот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан