• петок, 22 ноември 2024

Естонскиот парламент ја потврди смената на Каја Калас

Естонскиот парламент ја потврди смената на Каја Калас

Талин, 22 јули 2024 (МИА) - Естонскиот парламент денеска ја потврди смената на досегашната премиерка Каја Калас. На таа позиција ќе ја замени министерот за клима Кристен Михал.

Калас, која е на чело на владата од 2021 година, неодамна поднесе оставка за да ја преземе функцијата висок претставник на Европската унија за надворешна политика.

Михал (49), кој исто како Калас е од либералната Реформска партија, ќе ја предводи истата мнозинска коалиција на десниот центар како и неговата претходничка, заедно со либералната партија Естонија 200 и социјалдемократите.

Новата влада утре треба да положи заклетва. паг/

Фото: Х

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан